Content Management System

Вашиот вебсајт можеме да го изработиме како класичен вебсајт на кој нема секојдневни промени,има статична содржина и целта на вебстраната е повеќе служи информативно за вашиот бизнис.Доколку сакате динамична содржина,содржина која ќе ја менувате секојдневно,вашата веб страна можеме да ја изработиме во CMS(Content Management System) како на пр.WordPress,Joomla или Drupal.Со CMS како WordPress имате можност брзо,ефикасно,лесно и сигурно сами да ја менувате содржината на вашиот вебсајт кога и да посакате.

Sto e CMS

Зошто WordPress?Накратко,затоа што сеуште е број 1.

WordPress е платформа за изработка на веб-страни која постои веќе 15 години и опслужува околу 30% од сите вебстрани во Светот и 60% од сите вебстрани кои користат CMS.Лесен за користење,не бара високо познавање на програмски јазици(иако предноста да се знаат програмски јазици е огромна),за промената на текст,слики и друга содржина,не постои по user-friendly CMS досега.Од нас ќе добиете дизајниран вебсајт,на кој доколку сакате ќе имате пристап за промена на содржина (текст,слика,блог)по ваш избор.